Минималистички венчаници за невестите во 2022

24 јануари 2022

Иако кога се во прашање трендовите кај венчаниците за годинава, сѐ варира од една до друга крајност, сепак минимализмот е естетика која секогаш е присутна независно од тенденциите.

Раскошот некогаш е токму во минимализмот. Па, затоа да се биде раскошна невеста не секогаш подразбира волуменозен крој или премногу детали.

Ако сте невеста која дава предност на минимализмот, тогаш може да одберете венчаница која е изработена од богат материјал, но во едноставен крој.

Во фокусот годинава се елегантните венчаници во прав крој и оние што суптилно ја следат силуетата, со тенки прерамки, асиметрични со еден ракав или со спуштени прерамки. Но, затоа пак акцентот е на грбот кој е отворен, со акцент на женственоста.

Овој тип на венчаници често се стилизирани и со длабоко V деколте или пак висок шлиц, така што се постигнува префинет сексапил.

Ако се одлучите за минималистички модел на венчаница, може да си дозволите малку повеќе луксуз со накитот или пак со деталите, па да одбертете впечатлив вел или венче за глава кое ќе го заокружи невестинскиот изглед.

Издвоивме неколку минималистички модели кои можеби ќе ви помогнат да се одлучите за вашата совршена венчаница.

 

Објавено:
24 јануари 2022
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.237 пати