10 комбинации на Кејт Мидлтон што може да послужат како инспирација за идните невести

30 април 2020

Идната кралица на Британија, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, честопати за своите официјални јавни појавувања, бира елегантни миди или макси фустани во бела боја, симболизирајќи чистина, педантност и храмонија.

Во таквите нејзини изданија може да се пронајдат и многу идни, модерни невести кои преферираат елегантен невестински изглед.

Иако се работи за сведени модели на фустани, доволно се атрактивни и префинети да послужат како инцпирација за венчаница.

Во насока на оваа тема, нам особено ни остави впечаток нејзиниот стајлинг на црвениот килим на филмска премиера во 2013-та година, каде Кејт беше стилизирана во перфектно скроен, минималистички макси фустан со шлиц, дизајн на Роланд Мурет. Невестите кои преферираат минимализам, ќе најдат одлична идеја во овој модел.

А оние пак кои се замслуваат во романтична, а неконвенционална венчаница, ќе најдат инспирација во овој бел миди фустан од тантела со потпис на Александар Меквин, што Кејт го носеше на традиционалните „Royal Ascot" во 2017-та година.

Уште осум модели на фустани што совршено би можеле да одговорат на функцијата – венчанца, погледнете во продолжение.

Фото: Getty images, Vogue.fr

 

Објавено:
30 април 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.145 пати