11 Работи кои треба да ги избегнете пред вашата свадба!

8 јуни 2013

 

Нова боја за коса

Дури и ако вашиот стилист е  најдобриот на свет, избегнете промена на бојата на вашата коса една недела пред свадба. Никогаш не можеш да знаеш како ќе оксидира бојата или како ќе изгледа на твојата боја на кожа. Ако сакате да ја освежите малку без да го загрозувате изгледот, побарајте од твојот стилист да и стави малку сјај. Тоа ќе и даде природен блесок на вашата коса.

Драстично потстрижување

Свадбените консултации почнуваат три месеци пред големиот ден и пожелно е да ја задржите истата должина на вашата коса. Бидејќи доколку го направите тоа не само што ќе се промени текстурата и стилот на вашата фризура, имајте на ум дека нешто драстично ќе направи промена и може нема да изгледа добро на вашиот накит и вел. Ваквите промени е најдобро да ги направите додека сте уште со бистра глава и смирени.         

 Алкохол

Алкохолот има екстра калории, па можеби би сакале порано од една недела да прекинете да го консумирате. И како споредни ефекти, алкохолот може да направи да се чувствувате подуени, поради сулфурната база која влијае на дигестивниот систем, па од тука не би сакале на големиот ден да кажете дека се чуствувате како мачмалоу, зар не? Исто, алкохолот може да предизвика црвенило кое не е препорачливо на вашите свадбени фотографии.

 Нова вежба

 

Останете на рутината на која сте го навикнале вашето тело. Сега не е моментот за нови движења. На истегнати мускули некогаш им се потребни недели за да заздрават и вие не сакате да не можете да заиграте на подиумот. Ако имате за цел да ослабете, тогаш дојдете до нов фитнес програм уште пред за започнат пробите венчаницата. Ако само сакате начин за ослободување од стресот, побарајте ја својата пријателка за прошетка во парк . Да се биде  тогаш со твоите пријатели е од голема помош.

  Темен тен за кожата

Спреј за тенизирање можеби е поевтин, поприфатлив и безопасен начин да му дадете малку тен на своето тело, но има голема шанса  тој тен не одговара на твојот тип на кожа, а можете да добиете и несакан портокалов ефект. Затоа најдобро е да се консултирате со некој кој е специјализиран за тоа.

 Промена на вашата шминка

Понекогаш невестите во последната минута паничат дека имаат премногу или дека не им е доволна таа шминка и затоа е најдобро да се направат неколку пробни шминки.  На крајот на денот, верувајте  му на стилистот, кој ги зема во предвид твојот тип на кожа, години, фризура, време, место локација на твојата венчавка  и стилот на венчавката.

Сокови за прочистување

Гледајте на храната како на гориво. Потребни ви се калории за да имате сила за тоа темпо. Не е време за да престанете да се храните, соковите за прочистување се со многу малку калории и ја обликуваат вашата енергија. Последната недела препорачливо е јадење на добро балансирана храна, повеќе овошје и зеленчук, без исклучување на ниеден оброк.

Пилинг и микродермобразија

Ова во иднина ветува дека вашата кожа ќе биде совршено мазна, но не би требало да го практикувате во последната недела. Ова ставете го вашиот распоред барем две недели пред  свадбата.

 Нови производи за нега на кожа

Не ја менувај линијата на производи за нега на кожа. Новата линија може да предизвика алергични реакции, сувост, масност  или некои други ефекти за кои можеби нема да имате доволно време да ги поправите. Консултирајте  се со твојот дерматолог неколку месеци пред венчавката за да ви ја даде негата која е потребна за кожата да биде подготвена за величенствена шминка.  Дерматологот мора да биде присутен вашиот список  за приоритетни контакти.

Недоволен сон

Будна цела вечер и ја досредуваш свадбената програма? Најдете некој пријател кој ќе биде целосно на располагање. Кога се лишуваме од спиење нашето тело произведува повеќе грелин, хормон кој ни кажува кога треба да јадеме и помалку лептин,  хормон кој ни кажува да ја оставиме вилушката на страна. Тоа е дието-уништувачка битка, особено ако посегнеме по џанк храна. Солените закуски прават да се чувствувате надуени  и да не го спомнуваме фактот дека нема никава хранлива вредност.  Лишувањето од сон влијае и на вашиот имунолошки систем. Голема е веројатноста да добиете вирусна инфекција ако не спиете доволно. Добриот сон го отстранува темното околу очите и да бидеме на чисто, ве прави посмирена и посреќна невеста.

 Премногу кофеин

Да се потпирате на кофеинот за да добиете повеќе време, од неспани долги ноќи, до последна минута за да завршите со вашиот план е многу лоша идеја. Кофеинот е стимултантен и иритантен, особено за нервниот систем. Ќе бидете многу анксиозни, а тоа не ви треба да го додавате на вашиот стрес. Додавањето на кофеин може да влијае и на вашиот изглед, кофеинот е дехидрирачки и може да допринесе за темни кругови околу очите. Експертите сметаат дека е доволно да си останете на нормалната доза на кофеин.

 

Објавено:
8 јуни 2013
Категорија: 
Бела соба