Ако венчаниците во сирена крој ви се фаворит можеби тука ќе ја најдете омилената

22 јануари 2014

Софија Толи е најпопуларната дизајнерка на венчаници во Австралија и е препознатлива по гламурозните венчаници во сирена крој.

 

Турбулентниот период на венчавки се наближува, а доколку и вие сте во таква еуфорија, но се уште не сте го пронашле вистинскиот модел на венчаница и ги сакате оние што се припиени до телото и ја истакнуваат линијата, тогаш задолжително треба да ја разгледате пролетната колекција на венчаници за 2014 година од оваа австралиска дизајнерка и да се инспирирате.

 

Софија својата пролетна колекција ја опишува како мешавина од чувства, мек класичен романтизам и традиционална невестинска драма. Моделите изобилуваат со беспрекорни детали, многу тантела и кристален ефект од копчиња во задниот дел, што допринесуваат за дополнителна суптилна сексапилност. Почнете да кликате и „задржете“ го здивот.

Објавено:
22 јануари 2014
Категорија: 
Бела соба