Во светските медиуми вчера број еден беше веста за бракот на актерот Крис Прат и ќерката на Арнолд Шварценегер, Кетрин.
Двојката се потруди максимално да ја задржи приватноста, па во јавноста се појави само една официјална фотографија.
Инаку, свадбената церемонија на која присуствуваа само најблиските, се одржа во Санта Барбара.
Кетрин (29), која инаку е писателка, носеше едноставна креација од „Армани“, која ја следи линијата на нејзиното тело, а надополнета со долг вел.
View this post on Instagram
Таа објави и емотивна порака на својот Инстаграм профил:
„Вчера беше најубавиот ден во нашите животи! Станавме сопруг и сопруга пред Бога, нашите семејства и оние што ги сакаме. Беше интимно, трогателно и емотивно. Благословени сме што го започнуваме ова ново поглавје во нашите животи. Благодарни сме на нашите семејства и пријатели кои беа покрај нас и благодарност и до господинот Џорџо Армани кој го креираше овој фустан за сите времиња, за мене и совршеното одело на Крис“, се вели во објавата.
Крис пак (39) се одлучи за темно одело, од истиот бренд.
За потсетување, актерот зад себе има веќе еден брак, со Ана Фарис, со која има шестгодишен син.
Кетрин и Крис се верија во јануари годинава, а и покрај желбата да имаат свадбена церемонија далеку од очите на јавноста, сепак се појавија папарацо фотки, па дел ви претставуваме во продолжение:
фото извор: usmagazine.com; hollywoodlife.com;