„Авалон продукција“ ги одложи сите мартовски концерти

12 март 2020

„Со оглед на новонастанатата ситуација, препораките и мерките донесени од Владата коишто се однесуваат на Корона вирусот, сакаме да ве информираме дека мартовските концерти на „BOND“, Жељко Бебек и „Електрични Оргазам“ се ОДЛОЖУВААТ и континуирано работиме за да обезбедиме нови дати за концерти во месец мај.

Новите датуми ќе бидат објавени во понеделник во 21 часот“, се вели во соопштението што „Авалон продукција“ го испрати до јавноста.

 

Објавено:
12 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
266 пати