Бамби Нортвуд Блит невеста за Вог

7 јуни 2013

Харизматичната Бамби Нортвуд Блит е  лице кое допрва ќе ги освојува модните врвови. Изработила одлични едиторијали и доста често е дел од кампањи на познати модни брендови. Го работеше летниот лук бук за Топшоп, изгледа фантастично на фотографиите на веб шопот на Нести Гал за пролетната кампања на модната куќа H&M. Била на насловните на јапонскиот Вог, австралиски Харперс Базар, а има одработено и многу модни едиторијали. Професионална, убава, секси девојка со светли очи, оваа убавица просто плени со својот специфичен изглед.

 

 

Овие денови во јавност се појавија фотографиите од најновиот едиторијал за специјалното издание на австралиски Вог, Вог Брајдл, во кој Бамби ја има улогата на невеста. Интересен факт поврзан со овој настан е тоа што на фотографиите од едиторијалот Бамби позира заедно со својот вереник Ден Сингл. Овој пар веридбата ја објави во јануари оваа година, па можеби овој моден едиторијал е проба за нивниот голем ден!

 

Објавено:
7 јуни 2013
Категорија: 
Бела соба