Берта Балити е уште една од дизајнерките што ја претстави својата невестинска колекција за оваа сезона во рамки на последната модна недела во Њујорк.

Како вели, нејзините креации се наменети за силни, самоуверени жени што сакаат да изгледаат секси, но истовремено и елегантно и отмено на овој посебен ден за нив.

Длабоките деколтеа и сведените линии се во фокусот. Тантелата е застапена, но повеќе во форма на апликации и детали. Мрежата е исто така доминантна и дава дополнителна елеганција.

Оние што сакаат посекси изглед, а се подготвуваат за свадба, можеби токму во оваа колекција ќе ја најдат инспирацијата.

Објавено:
4 ноември 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
5.100 пати