Познатиот бренд за венчаници, „Берта“ кој има преку 150 продавници ширум светот, објави неколку фотографии од пролетна колекција, каде може да се забележи дека во фокус е смелоста на девојките што ќе бидат невести.
Длабокото деколте доминира како тренд што се провлекуваше и низ претходните колекции на брендот. Ние направивме селекција која може да ви послужи како инспирација.
Сакаме да напоменеме дека речиси секој од фустаните со длабок V-израз има дополнителна заштита со транспарентна мрежа во боја на тенот на кожата. Исто така, длабочината на деколтето прилагодете ја на своето тело и гради, бидејќи целта не е да изгледате евтино.
Но, доколку добро ви стои овој израз и веќе размислувате во таа насока, погледнете ги фотографијата во галеријата во продолжение.
Ќе забележите дека лесните материјали и тантели се нешто што доминира, за разлика од пред неколку сезони кога предност им се даваше на потешките материјали. Широките здолништа се исто така крој што се повторува, а ракавите се исто така тренд кој е сè поприсутен.
Погледнете: