Иако на многумина свежото цвеќе им е фаворит кога е бидермаерот во прашање, не помалку убави и интересни можат да бидат направени букетите од текстил и разни други материјали. Не само што се оригинални, туку и траат вечно.

Доколку се одлучите еден од букетите (а можете да имате два на венчавката, еден за време на регистрацијата и уште еден за славеничката церемонија) да биде од текстил, подобро е да биде оној што ќе сакате да го „фрлите“ на девојките, бидејќи така споменот ќе им остане засекогаш.

Оние што се повешти можат и сами да го направат. Потребни ви се материјали, ножици, конец и игла и секако идеја. Оформете ги цветовите, поиграјте си со боите и создадете нешто што никој нема да го има. А еве и неколку идеи за тоа како може бидермаерот да изгледа.

Објавено:
6 јули 2013
Категорија: 
Бела соба