Ако го споменеме името Александра Переира можеби нема да се сетите за кого говориме, но ако го споменеме нејзиното уметничко име Lovely Pepa, тогаш сигурно знаете дека збориме за една од омилените шпански блогерки.
Изминатиот викенд таа се омажи за нејзиното долгогодишно момче Гасан Вадер, на приватна церемонија во луксузен хотел во Мадрид од каде што впрочем и таа потекнува.
За време на церемонијата таа смени неколку фустани, но нејзината венчаница дефинитивно беше фустанот што остави најголем впечаток кај сите.
Истиот го креираше нејзиниот пријател и дизајнер Сантос Лопез, кој спои раскошни слоеви на тул со цветни 3Д апликации во горниот дел. За венчаницата да биде уште поубава, дизајнерот додаде и отворен грб, а блогерката ја спои со неуредна фризура и нежна шминка.
Во познатата вила – хотел каде што се одржа свадбата, украсувањето беше навистина магично, па така свадбата се одржа под ведро небо, а целиот двор беше дополнително разубавен со бројни светилки, прекрасни цвеќиња и други стилски детали.
На венчавката беа поканети некои од најпознатите блогерки на денешницата и нејзини пријателки, а фотографии од свадбата на Инстаграм објавуваше и најпознатата српска блогерка Тамара.
Погледнете како изгледаше свадбата на една од најстилските светски блогерки Александра или попозната како Lovely Pepa.
Инфо: Bonjour.ba
Фото: Alexandra Pereira/Instagram, http://tendenciasdebodas.com