Богата галерија од свечени фустани за мајките на младенците

12 јуни 2014

Родителите се тие што најмногу се радуваат и возбудуваат за денот на венчавката на своите деца, а мајките секако треба  да изгледаат посебно за овој голем ден. Исто како и невеста, така и мајките на „новопечениот“ брачен пар треба да заблескаат во најдоброто модно светло. Веруваме дека наскоро е свадбата на вашите најмили,а освен дузината обврски поврзани со организацијата, многу мајки размислуваат и се во дилема што да облечат за венчавката на своите деца. Во продолжение за вас издвоивме богата фото галерија од свечени фустани за возрасни жени со различни телесни форми и секако вкусови.

 

Ќе сретнете такви во макси должина, од оние до колена, модели со смирени и А кроеви, лесни текстури од тантела, сатен. Се надеваме дека со нашиот избор ќе ви помогнеме да се инспирирате во потрагата по фустанот за најважниот ден во животот на вашите најдраги.

Објавено:
12 јуни 2014
Категорија: 
Бела соба