Бохо невеста за совршена летна свадба

18 мај 2015

Летните свадби се идеални за оние невести кои го обожаваат бохо стилот.  Венче од природни цвеќиња, венчаница во опуштен крој, романтична тантела и бисерен накит – вака ја идеализираме бохо невестата.

Доколку тематски пак ја организирате цела свадба во хипи фазон, тогаш фантазијата расплетете ја до бескрај. Нека доминираат светли пастелни тонови, природни материјали и се разбира многу флорални декорации за комплетен финиш.

Доколку ова лето е закажана датата за вашата свадбена церемонија, а се’ уште ја немате вистинската венчаница, ве инспирираме со неколку совршени примероци.

 

 

Објавено:
18 мај 2015
Категорија: 
Бела соба