Божиќната магија во Загреб

5 декември 2019

Во празничен дух, секоја недела ви ги презентираме најубавите божиќни базари во Европа. Овој пат, пренесуваме дел од атмосферата од Загреб.

Главниот град на Хрватска дефинитвно може да се мери рамо до рамо со останатите европски метрополи кои имаат и подолга традиција во организирање вакви настани од нив.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Zagreb Tourist Board (@zagrebtourist) onNov 25, 2019 at 7:00am PST

 Загреб сосема се посветува на божиќниот базар, или како што таму се нарекува „Advent u Zagrebu“, во 2015 година за првпат ја освои наградата за „Град со најдобар божиќен базар во Европа“, што беше поттик секоја следна година да понудат уште поинтересни содржини.

Тоа пак им овозможи да ја задржат титулата и во 2016 и во 2017 година.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Betti Gida (@bettigida) onDec 4, 2019 at 2:39pm PST

 Речиси и да нема дел од градот каде нема божиќен базар. Од 2014 година на еден од плоштадите (Трг краља Томислава) има и огромно лизгалиште, со што градот доби уште едно магично место за базар и забава.

Оваа година има две главни теми - едната се танакаречените кукли „Орашари“ (Nutcracker doll) и хрватската традиција, па низ целиот град се поставени токму такви фигури.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Zagreb Town (@zagreb_town) onDec 2, 2019 at 2:38am PST

 

Организаторите на оваа голема манифестација, како пренесуваат тамошните медиуми, од минатата година одлучиле дека на посетителите во овој град ќе им понудат помалку комерцијално-консумеристичка програма, а повеќе божиќна и празнична атмосфера. Токму затоа, оваа година има зголемен број на музички и културни случувања во црквите, културните институции и отворените, јавни простори.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Servus (@servuszg) onNov 29, 2019 at 10:27pm PST

 Базарот стартуваше на 30.ноември со палење на свеќи на главниот плоштад во центарот на градот, а секој од помалите базари ќе биде со различно времетраење. Некои ќе бидат отворени за посетителите до Божиќ, односно 24. декември, додека некои ќе бидат до 1. јануари, односно 7.јануари.

Доколку планирате да патувате некаде месецов, погледнете во продолжение каква магија нуди Загреб, па можеби токму овој град ќе биде вашиот избор.

@mylittleyagreb

 

@take.you.to;

 

@ivancica_bizek;

 

@zagreb.gastro

 

@alexmbc


@kivi5;

 

@lavanja248

 

@vedran.spevan

 

@kosnica.eu

 

@a.tolnauer

 

@cro_explore

 

@cro_explore

 

@split_cities

 

@zagreb_town

 

@zagrebtourist;

 

@kosnica.eu

 

@k_cajones

 

@enasola2905

 

@kula_apartments_zagreb;

 

@horecalab

 

@permansio.croatia;

 

@descubreeuropa_

 

@travelstory.pl

 

@lavanja248;

 

@gnkdinamo

 

@kroatienliebe;

 

@_biancaneve14

 

@zagrebancija

Објавено:
5 декември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.661 пати