Цвеќе во коса за необична и едноставна невеста

17 јули 2013

Ако не сте од оние што сакаат да го носат конвенционалниот вел или комплицираните фризури, преку едноставната фризура со цвеќе во косата ќе го имате ефектот кој одговара на секоја венчаница.

SS_FreePeople

Дури и ако вашата венчавка е во поладните месеци, свежо цвеќе може секогаш да најдете во цвеќарите, а со наша помош и најдобро да го вметнете во вашата коса и целокупниот изглед. Овие неколку фотографии ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор. Доколу пак сте алергични на природно цевеќе и вештачкото ќе ви заврши работа а сепак ќе издледате убаво, но само изберете некое што изгледа поприродно.Ова е ваш ден, затоа слободно претерајте со цветовите ако сакате, зашто и на тој начин ќе останете запаметени по убавата и романтична фризура.

Објавено:
17 јули 2013
Категорија: 
Бела соба