ДА за балетанки на свадба

26 март 2015

wedding-flats

Ако сте од оние што не можат долго време да издржат на високи потпетици, а притоа ќе бидете невеста, не се форсирајте. Одберете си рамни чевли или балетанки за големиот дел.

Не само што ќе ви бидат удобни и практични, туку се и во тренд. Изборот на рамни чевли знае честопати да биде и поголем, па затоа впуштете се во уште една свадбена авантура во потрага по балетанки.

Изборот не мора секогаш да го сведете на бела боја, бидејќи сребрените нијанси или пак пастелните можат да се покажат како добар избор. Токму затоа, во продолжение погледнете ја галеријата и инспирирајте се.

Објавено:
26 март 2015
Категорија: 
Бела соба