Дали црните венчаници стануваат нов моден тренд меѓу невестите?!

29 март 2021

Актерката Сара Џесика Паркер уште во 1997 носеше црна венчаница кога се омажи со Метју Бродерик. Секако, СЏП е далеку пред времето, но нејзиниот пример низ годините го следеа и други познати ѕвезди.

Метју Бродерик и Сара Џесика Паркер во 1997

Аврил Лавин облече црна венчаница, Клое Севињи годинава рече ДА во црн фустан, а истото го стори ѕвездата на Selling Sunset Кристин Квин. Кристен Бел носеше црни панталони и блуза.

Кристин Квин, Аврил, Клои

Црните венчаници не се некоја новина, но сега полека излегуваат на виделина, а тоа го докажува се' поголемиот интерес за нив. Дизајнерката Тејлор Симонс носеше црн Оскар де ла Рента фустан на својата венчавка, додека во црн фустан се венчаше и директорката на Најки, Лидија ПенгТејлор Симонс во Оскар де ла Рента Лидија Пенг

Во продолжение, погледнете неколку идеи на црни венчаници кои можеби ќе ви се допаднат, па ќе се одлучите да излезете од својата конфорна зона. 

Освен тоа, секогаш можете да се одлучите и за кратка варијанта па можеби веќе го имате својот фустан во гардероберот!

Објавено:
29 март 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
964 пати