Доколку сте од оние што следната пролет ги очекува свадбена веселба, тогаш овој текст може да ви биде инспиративен.
Овој пат во фокус ги ставаме декорациите и тоа за интимни венчавки. Предноста на интимните венчавки е што можете да ги направите по ваш мерак и да имаат емотивна нота која ќе споделите со луѓето што навистина ви значат многу.
Во тренд се цветните аранжмани и зелените тонови, пред се' природни.
За поинтимна атмосфера ќе придонесат и свеќите, кои можат да бидат ставени во посебни стаклени садови
Салфетките со дезени или со дополнителни аранжмани од хартија ќе ја направат масата впечатлива.
Таблите за добредојде и оставање пораки се посебно интересен и личен момент кој ќе ви остане во сеќавање. А кога сме кај спомените, фотографиите се можеби и најважен “сведок“ на денот исполнет со среќа.
Полароидите се супер опција за инстант-фотографии кои можете да ги наредите на жица и кои потоа ќе ги вклучите во останатите албуми од свадбениот ден.
Во продолжение погледнете уште неколку примери: