Девет тоалети од „Златните глобуси“ што може да се носат како венчаници

15 јануари 2014

Кога сакате да ја најдете вистинската венчаница, понекогаш доволно е само да погледнете некој од црвените килими.

Таков е случајот и со црвениот килим на доделувањето на „Златните глобуси“ каде можеа да се видат навистина прекрасни тоалети, меѓу кои и такви достојни за венчаници.

Иако на социјалните мрежи фустанот од Диор на младата актерка Џенифер Лоренс беше многупати исмеан, мора да признаеме дека истиот и не е толку лош. Фустанот е во бела боја со црни ленти, комбинација омилена на многу невести.

Покрај Џенифер Лоренс во прекрасен фустан во бисерна боја на Дона Каран се појави и прекрасната актерка од серијата Breaking Bad, Ана Ган. Фустанот беше навистина беспрекорен, а истиот е одличен избор и за вашата венчавка.

Во продолжение погледнете ги и останатите тоалети кои многумина ги проценија како одличен избор за фустан за најсреќниот ден во вашиот живот.

Објавено:
15 јануари 2014
Категорија: 
Бела соба