Дизајнерски фустани што можете да ги носите како венчаници

30 септември 2016

Иако можеби веќе се затвори сезоната на венчавки, доколку планирате свадба следната година, сега е вистинско време да почнете да размислувате за совршениот фустан.

Ова е делот од свадбата кој на жените дефинитивно им е најважен и секоја сака да остави посебен впечаток по кој ќе биде запаметена.

Ако идните невести не се пронаоѓаат себеси во трендовите за следната пролет, тогаш постојат и голем број дизајнерски фустани кои без проблем можете да ги носите како венчаници.

Понекогаш токму во дизајнерските колекции ќе ја пронајдете вашата венчаница од соништата која иако навидум изгледа како сосема обичен фустан, ќе биде многу поефектна одошто мислите.

Во дизајнерските колекции, сосема нормално, ќе најдете многу поголем избор на фустани, во многу повеќе бои, со апликации и разни детали, едноставни или пак раскошни, транспарентни или со тантела и какви уште не.

Дизајнерите во последно време ја обожуваат белата боја, па речиси во секоја колекција има по некоја креација во бела боја.

На онлајн страната Net-a-Porter ќе пронајдете многу парчиња од брендот Self Portrait за кој пишувавме неодамна, но и парчиња од други брендови како Роксанда, Needle & Thread за бохо невестите, Роланд Мурет, Калвин Клајн и многу други.

Во галеријата ќе видите и фантастични модели на комбинезони за оние девојки кои сакаат нешто поинакво. Погледнете!

Објавено:
30 септември 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.075 пати