Добивте покана за свадба? Еве што да облечете!

8 мај 2015

Во екот на свадбената сезона, сега е вистинско време да го одберете совршениот пролетен фустан!

Ние за вас одбравме неколку прекрасни пролетни предлози во пастелни бои и цветни нијанси. Секако, дел од предлозите се и неколку фустанчиња во потемни бои за оние девојки што секогаш ја одбираат елеганцијата пред сѐ.

Она што е особено убаво кај овие фустанчиња е тоа што сите се совршени за оваа сезона, кога температурите се малку повисоки од вообичаено.

Секогаш одберете го она во што се чувствувате најубаво, без разлика на тоа какви се правилата. Секако, обидете се белата боја при изборот на фустан да и ја оставите на невестата, бидејќи нели сепак, тоа е нејзин ден.

Но, воопшто не двоумете се да изберете нијанси на крем, беж и слични нијанси со кои ќе блеснете на пролетната свадба.

Во продолжение во галеријата, погледнете дел од нашиот избор за инспирација во последен момент!

 

Објавено:
8 мај 2015
Категорија: 
Бела соба