Кортни Кардашијан и Тревис Баркер уживаат во својата љубовна врска, но исто толку уживаат и во вниманието на јавноста.
Парот веќе два пати ја официјализираше својата врска: првото ДА Кортни го кажа во Лас Вегас, а потоа во Калифорнија направија и официјална свадбена свеченост.
Викендов пак, тие организираа уште една, трета по ред, а воедно и најскапа и најлуксузна до сега свадбена церемонија.
Во присуство на семејството Кардашијан, поширокиот круг на семејството и блиски пријатели, Кортни и Тревис уште еднаш си кажаа ДА.
И двајцата беа стилизирани во Долче и Габана. Кортни ја продолжи неконвенционалната стилска приказна од претходните две церемонии и овој пат одбра мини-корсетирана венчаница со долг вел во чиј дизајн со религиска конотација, главен акцент е ставен на ликот на Богородица, додека пак Тревис се одлучи за покласична варијанта – црно одело со пеперутка машна.
Модна интерпретација на религијата е нешто што им даде уште поголема препознатливост на модното дуо Долче и Габана, па неслучајно Кортни ги одбрала токму нив за да и дадат целина на нејзината замисла.
Претходно Кортни предизвика различни полемики во јавноста и се коментираше нејзиниот избор на мини-корсетирана црна венчаница со ликот на Богородица, потег што многумина го посочија како бизарен.
Но, тоа не ја спречи Кортни во ексцентричниот пристап кон нејзината идеја за совршена свадбена свеченост.
А кога сме кај совршеност, амбиентот во кој се одржа прославата е навистина магичен. Младоженците ја одбраа благородничката резиденција Кастело Браун, како место кое ќе сведочи за овој посебен момент во нивниот живот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram