Џими Чу колекција чевли за невести

15 август 2013

Во брак треба да зачекорите со сигурни и смели чекори, а по можност тоа да го направите со фантастични чевли.  Кога ќе се спомнат “таков вид” чевли, се знае чие име е прва асоцијација.

Ценетиот дизајнер за чевли Џими Чу лансираше колекција чевли инспирирани од самиот термин “Mariage”. Елегантни и префинети модели изработени од винтаж, тантела, сатен и свила, украсени со вез, накит и сваровски кристали. Најголемата предност на овие чевли е што девојките може да ги носат и по завршувувањето на свадбената церемонија.

Господинот Чу при изработката на оваа колекција не мислел само на невестите, туку изработил модели наменети за девериците, кумата и старосватицата. Ексклузивно и гламурозно – што би можело да биде поубав спомен на тој голем ден?

Објавено:
15 август 2013
Категорија: 
Бела соба