Екстремна венчавка: Судбоносното Да го кажаа во облаците

26 декември 2013

exkstremna-vencavka-f

Младиот кинески пар Фанг и Џао ги споила заедничката љубов кон екстремните спортови, а кога решиле да ја официјализираат својата љубов, сакале тој момент да биде поразличен од сите останати. Двајцата се алпинисти и судбоносното Да го кажаа високо качени на карпите во автономниот регион на Кина, Гуангкси.

Сепак, за да зачуваат барем дел од традиционалното, Фанг и Џао се облечени како вистински младенци, тој во костум , а таа во елегантна вечнаница. Секако, нивната љубов почнала токму на карпите, се запознале качени високо, па затоа одлуката да стапат во брак решиле да биде исто како и што се сретнале.

 

Објавено:
26 декември 2013
Категорија: 
Бела соба