Познатиот модел Наталија Водијанова и нејзиниот долгогодишен партнер, Ентони Арно, ја официјализираа својата врска, на мала свеченост во Париз.
Тие се заедно од 2011 година, а имаат и две деца. Водијанова има три од првиот брак со Џастин Портман. На новогодишната ноќ ја објавија свршувачката, а свадбата требаше да се одржи во јули годинава. Но, поради пандемијата на Ковид-19, двојката се одлучи да склучи граѓански брак во присуство на најблиските членови на семејството.
View this post on Instagram
За пригодата, Наталија одбра креација од руската дизајнерка Улијана Сергеенко. Волуменозна кошула, со нагласени раменици во комбинација со миди здолниште и ремен, кој ја истакнува половината беше изборот на моделот, во кој изгледаше елегантно и женствено.
Во горниот дел кошулата има везени елементи, а комбинацијата е заокружена со бели чевли на висока потпетица и секако бидермаер.
View this post on Instagram
Изгледот на Водијанова може да послужи како инспирација за оние што го сакаат неконвенционалниот стил, или ги очекува само церемонија во матично.
View this post on Instagram