„Eternal Glow 2023“ - празнична колекција венчаници од Антонија Ристовска Bride

28 декември 2022

Таа е нежна и боженствена, сензуална и единствена. Обвиткана е во шепотот на нежната романтика, секогаш своја и препознатлива. Девојка со беспрекорен стил и шарм, која својата љубов ја пренесува со безвременски сјај. Токму таа е инспирација за новата Антонија Ристовска Bride колекција „Eternal Glow 2023“.

„Колекцијата ја сочинуваат венчаници кои изобилуваат со богати текстури на материјали и везови. За оваа колекција во ателјето рачно создадовме нови материјали со 3D текстура и уникатен дизајн. Раскошот од богати везови изработени од бисери, кристали и мониста на материјалите го будат чувството на единственост и гламур, а воедно богатите текстури и слоевитоста на материјалите и понатаму ја задржуваат леснотијата при носење на венчаницата. Секој модел е внимателно изработен со акцент на величенствен изглед и инспирира чувство на восхит. Кроевите кои никогаш не излегуваат од мода се повторно изнајдени во нови креативни форми и комбинации. Стајлингот надополнет со ракавици изработени од материјали со богати везови допринесува за истакната грациозност и Висока елеганција“, се вели во описот што ја доловува естетиката на колекцијата.

Фотографиите во продолжение ви презентираат дел од  новите модели венчаници што ја сочинуваат приказната на „Eternal Glow 2023".

Фотографија: Стефан Соколовски
Модели:
Јана Серафимова
Сара Цветанова
Татјана Јанушева (Моделс Ин)
Шминка и фризура: Студио Шурбевски
Чевли: Nine West
Локација: Македонска филхармонија, Скопје

 

 

Објавено:
28 декември 2022
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
733 пати