Фото: Идните невести како во бајка – ја бираат венчаницата од соништата од Елена Лука

22 февруари 2020

Првиот отворен ден за посетители на 10. Саем на венчавки е веќе во полн ек.

Белата соба на Елена Лука со сиот свој раскош и убавина, ги шармира идните невести уште при самото влегување во главната хала на саемот во хотелот Александар Палас.

Големиот интерес за новата колекција венчаници на брендот, не може, а да не се забележи.

Идните невести веќе ги пробуваат на себе омилените модели, а со оглед на фантастичниот избор, веруваме дека одлуката нема да биде лесна.

Романтични венчаници во лелеави кроеви, елегантни со линија што ја следи силуетата, неконвенционални со асиметричен израз, луксузни материјали, уникатн рачни доработки, како и авангардни венчални фустани со волумензони карнери се само дел од приказната од новата колекција за актуелната сезона.

Корисно е да се има во предвид и информацијата дека сите идни невести имаат ексклузивна можност и за саемски попуст, а тимот на Елена Лука им стои на располагање да ги информира за сите прашања и детали што ги интересираат.

Денеска и утре (22. и 23. февруари) тимот на Елена Лука ве очекува од 9 до 21 часот.

Објавено:
22 февруари 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.653 пати