(ФОТО) Се ожени најбогатиот млад шпански гроф

25 мај 2021

Со оглед на тоа дека изминативе две години речиси да не се случуваше ништо, венчавката на шпанскиот гроф Карлос Фиц Џејмс Стјуарт го привлече вниманието на јавноста.

После долго време посведочивме на свадбена церемонија со дотерани гости, гламур и свадбени декорации.

Грофот се ожени со партнерката Белен Корсини, а свадбата се одржа во градината на палатата Лирија. Се работи за здание од 18 век, кое е во сопственост на семејството на младоженецот стотици години наназад. 

Инаку, Карлос е внук на покојната војвотка од Алба, позната како најбогатата Шпанка.

Неговата избраничка пак, е наследничка на градежната империја „Corsan“. Таа се појави во едноставен, но сепак вечатлив венчален фустан од брендот „ Navascués“. 

Венчаницата има нагласени ракави, благ V-израз и лежерен крој. Највпечатливиот дел е секако „шлепот“ позади, кој е направен од префинета ткаенина со цветен дезен, која има текстура и сјај. 

Грофот пак, носеше традиционална војничка униформа.

Мора да признаеме дека уште поголемо внимание ни привлече и изгледот на гостите, па во продолжение погледнете како изгледаше овој за нив посебен ден:

 

 

 

Објавено:
25 мај 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.818 пати
Извор: 
dailymail.co.uk