ФОТО: Шпанска свадба на годината - Се ожени Серхио Рамос

17 јуни 2019

Долго време се најавуваше свадбата на фудбалерот на „Реал Мадрид“, Серхио Рамос (33) и неговата избраничка Пилар Рубио (41), а се случи изминатиов викенд во Севилја.

Двојката се венчаше во катедралата, а потоа следеше забава на која присуствуваа околу 500 гости.

Меѓу нив беа и Бекамови, фудбалерот Лука Модриќ со сопругата, Роберто Карлос со партнерката и многу други.

Магазинот „Сан“ претходно објави дека во еден дел од вечерта, гостите ќе ги забавува рок бендот AC / DC, за кој одвоиле милион евра, како и дека концертот е свадбен подарок на Рамос за неговата сопруга, која е голем обожавател на бендот, но информацијата не беше потврдена од двојката. 

Она што е потврдено дека за време на веселбата гостите добиле привремена тетоважа на еднорог, што воедно и била темата, а имало и неколку различни музички стилови.

Пилар блесна во венчаница од либанскиот дизајнер Зухаир Мурад, која ја следи линијата на нејзиното тело, а одозгора широко здолниште од тул, кое го носеше во катедралата, а за забавата го отстрани. Венчаницата е збогатена со богата тантела и долг вел.

Интересно е што невестата одбра несекојдневен бидермаер. Таа се одлучи за црни кали, а претходно за шпанските медиуми изјави дека не сака да биде обична, секојдневна невеста, па со изборот на цвеќе го потврди ова. 

Инаку, двојката е во врска седум години. Имаат три деца, а се верија минатата година. 

„Сметаме дека сега е вистинскиот момент да го направиме ова. Овој ден е посебен за нас, бидејќи и ние сме посебни. Сакавме нашите деца да потпораснат, бидејќи на помала возраст немаше да го паметат и да им биде важен и посебен“, изјави фудбалерот пред свадбата.

Во продолжение погледнете како изгледаа младенците, но и дел од гостите:

 

 

 

 фото извор: mirror.co.uk; elpais.com; tribuna.com; 

Објавено:
17 јуни 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
9.910 пати