Гламурот на стариот Холивуд преточен во елегантни венчаници

7 јуни 2019

Бланка Бојовиќ е млада дизајнерка со македонско потекло, која работи и живее во Лондон. Својата креативност ја изразува зад брендот „Adelais London“.

Овој пат ја надополнува колекцијата венчаници насловена како „Adelais Bridal Classics“. Инспирирана од гламурот на стариот Холивуд, создава венчални фустани каде доминираа минималистичката естетика, претставена со префинети материјли. Колекцијата е веќе презентирана, но сега ја  надополнува и освежува со нови креации и едиторијал, кој ќе имате можност да го погледнете во продолжение. Новите креации содржат и нежна тантела, која досега не била нејзин примарен избор.

Бланка потенцира дека креациите ги изработува од премиум свили, внимавајќи на секој детаљ, потенцирајќи дека и минимализмот, класиката и овој тип на креации можат да бидат впечатливи, женствени, привлечни и олицетворение на елеганција и гламур.

Погледнете:

 

 

Објавено:
7 јуни 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
3.017 пати