Хит во 2023: Венчаници кои даваат акцент на рамената

15 август 2022

Свадбените свечености се во полн ек. Постпандемската сезона ни донесе експлозија од модна креативност, а свадбените колекции не се исклучок од таа дизајнерска потреба да се прошират модните хоризонти, на што веќе сведочиме.

Во светот на венчаниците за актуелната и претстојната сезона, тоа подразбира раскошен избор на модели во чиј дизајн се забележува напуштање на границите на конформизмот и препуштање на фантазијата.

Така се родија неколку атрактивни тенденции што ќе ја обележат свадбената мода во 2023 година.

Со оглед на тоа каква е актуелната понуда на венчални фустани на светската дизајнерска сцена, еден тренд што доминира и дава печат на сезоната, се венчаниците кои даваат акцент на рамената.

Со ваква естетика, веднаш им се препишува епитетот сензуални...

Ели Сааб

Овој тренд ќе го забележите во неколку различни верзии, но се издвојуваат два најпопуларни модели: венчаници без ракави, со деколте во срцевидна форма и венчаници со волумензони „пуф" ракави.

И кај двата модели, во фокус е женската грациозност доловена преку вратот и голите рамена, но во вториот случај, односно кај моделите со волумензони ракави, се постигнува поголема драматичност.

Mira Zwillinger

Со своја интерпретација на овој тренд, ексклузивни модели на венчаници во новите колекции понудија и брендови како Ели Сааб, Monique Lhuillier, Lihi Hod, Ines Di Santo...

Lihi Hod

А на домашната модна сцена пак, естетиката на светската модна сцена е доловена во новата актуелна колекција венчаници, на нашиот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА. Во својата ексклузивна линија, овој бренд остави простор и за грациозни венчални фустани во чиј дизајн на автентичен начин е интерпретиран трендот со кој се ставаат во фокус рамената. Притоа, нивниот дизајн е раскошен, романтичен и впечатлив – па како таков е совршен за сите идни невести кои сонуваат за екстравагантен невестински изглед.

ЕЛЕНА ЛУКА

ЕЛЕНА ЛУКА

ЕЛЕНА ЛУКА

ЕЛЕНА ЛУКА

Објавено:
15 август 2022
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
672 пати