Идеи за венчаници за невести со истакнати облини

23 јули 2020

Често, неправедно, дамите со облини не можат да најдат готова венчаница, која соодветствува на актуелните кроеви.

Затоа, најчест избор на оние што имаат некој килограм повеќе е да се изработи фустан по нарачка.

Сепак, во трендот почна малку да се менува трендот, па сè повеќе брендови се одлучуваат освен стандардните, да понудат и плус-сајз модели на венчаници или пак истите да ги направат достапни во различни големини.

Иако венчаниците со тантела се најчесто во фокусот, тенденциите од минатата година одат во насока на минимализмот.

Стручните лица велат дека А-кројот е најдобар за оние што сакаат визуелно да ги намалат облините. Од друга страна, ако сте од оние што сакаат да ги истакнат, тогаш сирена-кројот и таканаречениот „труба-крој“ се едни од опциите.

Кога е горниот дел во прашање, V-изразот е најпрепорачлив, но ќе видите и модели кои одлично изгледаат а имаат позатворен горен дел или едноставно, акцентот е ставен на голи раменици.

 

Она што се препорачува на секоја невеста, не само таа што сака да ги намали облините е да користи мидер, односно корсет кој ќе ја направи фигурата уште попривлечна, без разлика за кој крој се работи.

Еден од моделите кои нас ни привлекоа внимание е со лелеаво здолниште и корсет во горниот дел, кој пак е збогатен со посебна наметка, како мала пелерина од нежен материја, кој може да е украсен и со тантела.

Не само што изгледа привлечно за око, туку уште повеќе визуелно го намалува стомакот, а е совршено решение и за во црква.

Во продолжение погледнете уште неколку идеи за тоа како можете да изгледате на вашиот свадбен ден. Без разлика на тоа што годинава излезе крајно непредвидлива, сите вие што ја планирате свадбата за следната година, секако можете да се инспирирате и да прецизирате како би сакале да изгледате:

 

Објавено:
23 јули 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
262 пати