Инспиративни фотографии од деталите од вашата свадба

1 април 2014

Во последно време сѐ поактуелни се оние фотографии од свадби на кои многу поголемо внимание им се дава на малите детали и сето тоа изгледа неверојатно шармантно.

Откако претходно ви дадовме неколку идеи за тоа каква торта да си направите за вашата свадба или пак за какви покани да се одлучите, сега е вистинското време да се инспирирате за тоа како истите да ги фотографирате и сето тоа на крајот да изгледа совршено!

Покрај тортата и поканите, својата креативност можете да ја ослободите и фотографирајќи ги и чевлите, прстените, ентериерот, цветните аранжмани, фустаните на девериците и што уште не.

Доколку не сакате да потрошите огромна сума на пари за некој да го направи сето тоа за вас, покажете ѝ ги фотографиите во галеријата на вашата другарка која поседува добар апарат и таа нека го стори тоа за вас.

Ако сепак не сте сигурни во нејзината „професионалност“, пробајте како сето тоа ќе изгледа ден пред венчавката кога сте при крај со подготовките.

Во продолжение уживајте во прекрасната фото – галерија и погледнете колку добро тоа го направиле неколку двојки со исклучителна креативност!

Објавено:
1 април 2014
Категорија: 
Бела соба