Како да се облечете на свадба во зима

12 октомври 2013

Никој не сака да изгледа несоодветно облечен на свадба, без разлика дали се работи за жените или мажите, тоа е свечен момент кој треба да се испочитува. Но изборот на модел може да биде навистина тешка одлука.  Одржување на балансот на топлина на телото и добра комбинација која ќе го потенцира вашиот префинет стил е исто така трик кој може секого да збуни. Ако земеме в предвид фактот дека не можеме да се појавиме на прерамки барем надвор но не можеме да се појавиме ниту премногу покриени бидејќи сепак ова е свадба. Со мало истражување ги имаме одговорите на сите ваши дилеми.

 

 

Што да носите?

Накит во комбинација со ракавици, шал или наметка, па дури и некоја дамска шапка е прифатливо решение.

Убав капут или мантил. Белата и црната боја се оние класичните нијанси кои доколку ги изберете нема да погрешите.

Женски костим, сако и панталони во комбинација со кошула и брош, бојата нека биде по ваш избор но да не е некоја интензивна нијанса.

Чорапи задолжително, ако носите фустан без разлика дали е долг или краток, особено ако е краток одберете чорапи кои ќе имаат интересен дезен или принт, барем сега има избор од кој боли глава.

 

 

Чевли со потпетици кои се затворени на предниот дел. Најдобар избор се оние еднобојните модели и едноставни кроеви.

Не заборавајте доколку не сте во свадбарската свита, да ја прашате невестата во каква боја на фустан ќе и бидат облечени девериците за да не се поклопите со нијансите, бидејќи вие нема да се чувствувате убаво.

И последниот совет, танцувајте со вашиот сакан. Тоа ќе ве стопли повеќе од било која бунда, мантил, капут или наметка.

 

 

Што да не носите?

Не носете бело.

Отворени сандали, никако.

Облека која вие многу тесна и кратка. Нема да се чувствувате комотно.

 

 

Фармерки или широки панталони исто така не се избор за на свадба. Ако сепак сакате да носите панталони тогаш нека бидат класичен, официјален модел.

Не бидете нападни со изборот на детали, избегнувајте пердуви и додатоци во силни бои кои цела вечер ќе ги бодат погледите на другите, а вие ќе изгледате невкусно.

Објавено:
12 октомври 2013
Категорија: 
Бела соба