Каква венчаница би одбрале мажите за нивните сакани?

21 март 2019

Последниот збор за изборот на венчаница го има невестата. Но, без разлика што ќе речат дека тоа е „женска работа“, сепак и мажите имаат свое мислење.

Токму врз основа на машките мислења е создаден и моделот „Харт“ на австралискиот бренд за венчаници „Grace Loves Lace“. Тие спровеле истражување како според мажите би изгледала совршената венчаница.

Се работи за фустан кој има едноставна силуета која ги истакнува облините на жената, особено задникот и градите. 

„Кога бираат венчаници, невестите секогаш го земаат предвид и тоа во што би сакал и нивниот избраник да ги види. Нашето истражување траеше 12 месеци. Ги рашавме идните младоженци во каква венчаница би сакале да ја видат својата сакана. После собраните податоци, го дизајниравме моделот „Харт“, скроен по мерка на мажите“, вели сопственичката и креативна директорка на брендот, Меган Зимс.

Токму таква - едноставна, класичка, женствена, а сепак впечатлива е венчаницата создадена по „машка мерка“, а згора на се' е удобна и создадена за танцување.

Изработена е од еластична тантела, со цветен принт, а цената се движи од 1270 до 1480 евра.

Што мислите вие?

Објавено:
21 март 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.527 пати