Пандемијата на Ковид-19 предизвика да смениме дел од нашето живеење, но и да ги поместиме плановите.
Тоа за голем број двојки значеше поместување на свадбената веселба и одложување на сите обврски. Ако спаѓате во таа група, а притоа не стасавте да ја одберете венчаница, овој текст може да ви биде од помош.
Заклучокот од претставените невестински колекции за 2021 година е дека фокусот е ставен на впечатливи детали. Големи панделки, или повеќе мали, интересни околувратници, ремени се само дел од она што венчалниот фустан би можело да го издвои и направи интересен.
Воедно, подоминантни се креациите со минималистички крој и мазни ткаенини, додека тантелата и тоа пред сè онаа нежна и префинета, е резервирана за венчаниците со бохо естетика.
Се забележува и зачестено присуство на венчаници со ракави, како и оние со долга опашка, ако сакате доза на холивудски гламур на свадбениот ден. Од друга страна пак, не се ретки ниту моделите каде акцентот е ставен на грбот.
Кога се кроевите во прашање, тука нема измени, бидејќи се застапени сите најбарани - сирена, принцез и А-форма.
Овој краток преглед на трендовите во продолжение проследете го преку фотографиите, кои можеби ќе ви послужат како дополнителна инспирација: