Колекција венчаници од Галија Лахав кои ќе ве остават без здив

5 ноември 2013

Израелската дизајнерка Галија Лахав е име што стана синоним за престиж и елеганција и надвор од границите на Израел, таа  создава креации кои се единствени и модерни, изработени за моќни и елегантни жени. Дизајнерката инспирацијата најчесто ја бара во 30-те години, притоа успевајќи да најде начин како да ја изнесе романтичната страна при создавањето на венчаниците.

Ситните детали ги има низ сите модели, затоа спремете се од галеријата да погледнете венчаници за паметење, а притоа доколку наскоро ја подготвувате вашата венчавка и сте во потрага по вистинската венчаница, овие креации за сезоната есен-зима 2013/14 сигурно ќе ве инспирираат.

Објавено:
5 ноември 2013
Категорија: 
Бела соба