Нашата позната писателка Ксенија Николова викендов стапи во брак со нејзиниот избраник Ненад Николовски, започнувајќи нова етапа во заедничкиот живот.
Во интимна атмосфера, на свечената церемонија во присуство на најблиските, младенците го кажаа судбоносното „ДА".
За оваа посебна прилика во животот, Ксенија изборот на венчаница им го довери на нејзините долгогодишни соработници и пријатели, тимот на етаблираниот бренд Елена Лука.
Со оглед на тоа што Елена Лука одлично го познава сензибилитетот на Ксенија, уникатната венчаница што ја дизајнираше за неа е совршен одраз на карактерот и личноста на убавата писателка.
„Со модната куќа Елена Лука соработуваме со години и со поглед се разбираме. Беше повеќе од јасно дека венчаницата ќе ми ја изработуваат токму тие, јас знаев точно што сакам, а тие како и секогаш со својата беспрекорна имагинација и изработка ја реализираа мојата желба. Венчаницата беше навидум едноставна, но целосно точно изработена и склоп од прекрасна чипка и совршени материјали. Кога ја видов, знаев дека тоа е тоа. Огромна благодарност сакам да искажам до целиот тим којшто целосно ми се посвети. Не ве менувам за ништо на светот, бидејќи секој важен момент ми го правите преубав", изјави прекрасната невеста.
Наместо класична венчанца, Ксенија изгледаше волшебно во неконвенционален венчален фустан во чиј дизајн главниот акцент е на романтичната естетика, инаку препознатлива за стилот на писателката.
„На мое големо задоволство, Ксенија долги години е дел од семејството на Елена Лука, благодарение на нашата одлична заедничка комуникација и тоа што ги делиме истите естетски вредности. Идентитетот на Елена Лука е авангарден, уникатен, светски, а карактерот на Ксенија целосно се отсликува во тоа што Елена Лука го потпишува како етаблиран моден бренд. Затоа и воопшто не е за изненадување, тоа што венчаницата што ја дизајниравме за неа носи посебна магија, волшебна е колку и самата невеста и е одраз на неконвенционалниот пристап кон модата, што е наш препознатлив печат. Тоа што дефиниравме должина над колена ѝ дава посебен карактер, а романтичната естетика и луксузната тантела од која е изработена со посебно внимание посветено на секој детаљ, ја заокружува нејзината совршеност. Вечна нека им е љубовта на младенците и разбирањето во бракот!", изјави г-ѓа Елена Пандева, сопственик, генерален менаџер и водечки дизајнер на модниот бренд Елена Лука.
г-ѓа Елена Пандева, сопственик, генерален менаџер и водечки дизајнер на модниот бренд Елена Лука
Овој модел на венчаница е совршен пример за перфектен дизајн надвор од рамките на класичниот изглед, а воедно и охрабрување за идните невести кои преферираат необичен венчален фустан.
Честитки и од тимот на Fashionel!