Лили Колинс се омажи во венчаница на „Ралф Лорен“

10 септември 2021

После Марк Ронсон, убави вести преку социјалните мрежи соопшти и актерката Лили Колинс. Таа на својот Инстаграм профил сподели дел од фотографиите од нејзината свадба со партнерот Чарли Мекдауел.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lily Collins (@lilyjcollins)

 

Според објавите, церемонијата е одржана минатиот викенд во Колорадо, во природен амбиент. 

Довербата за венчаница му ја даде на брендот „Ралф Лорен“. Се работи за фустан во сирена крој, со долги ракави комплетно изработен од тантела, а од истиот материјал е и велот во форма на качулка.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lily Collins (@lilyjcollins)

 

Актерката сподели дека никогаш во својот живот не била посреќна, но освен свадбениот албум, вниманието го привлече и една постара фотографија.

Имено, на последната објава е фотографија од актерката како дете, на која носи венчаница.

„Не е Ралф Лорен, но девојче смее да сонува“ напиша под фотографијата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lily Collins (@lilyjcollins)

Меѓу присутните беше и нејзината колешка од серијата „Емили во Париз“, Ешли Паркер, која пак носеше фантастичен долг фустан со принт од брендот „Зимерман“.

Погледнете:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ashley Park (@ashleyparklady)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lily Collins (@lilyjcollins)

 

Објавено:
10 септември 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
639 пати