Лубутанки создадени за свадба од соништата

16 мај 2014

По тој повод, решивме да им помогнеме на сите идни невести кои се изложени на голем стрес во врска со утврдувањето на детали со нивната бајковита венчавка. Во тој контекст сме сигурно дека ниту една девојка не би имала против да прошета до олтарот со чевли од Кристијан Лубутан.

Славниот чевлар оваа пролет покрај стандардната пролетна колекција, лансираше и свадбена во која се наоѓаат 10 модели на чевли, од незаменливите салонки, па се до сатенските модели со отворен прст и сандали со ремени околу глуждот. Исто така, идните невести ќе може да ја одберат висината на потпетицата, започнувајќи од минималните 7 сантиметри, па се до оние со платформа со 16 сантиметри, а како изгледаат моделите кои одлично ќе се вклопат со вашата венчаница, погледнете во продолжение.

Објавено:
16 мај 2014
Категорија: 
Бела соба