Маркантна колекција венчаници на Оскар де ла Рента

18 април 2019

Дизајнерите Фернандо Гарсија и Лаура Ким обединети на челната креативна позиција во модната куќа Оскар де ла Рента, уменшно создадоа еден нов дискусрс на препознатливата естетика на брендот што емитува дизајн што сплотува луксуз и носливост.

Современата сцена се ориентираше кон анулирање на разликите меѓу гламурот и комфорот, што како начело во својот креаторски процес го применува и етаблираниот моден бренд.

Во таква насока е и новата колекција венчаници за пролет-лето 2020, во која што дизајнерите прават суптилен премин меѓу венчални и вечерни фустани.

Ако се земе во предвид дека често модерните невести менуваат и по неколку изгледи за време на свеченоста, тогаш овој потег може да го прифатиме како логичен и оправдан и од бизнис аспект. Но, тоа апсолутно не значи маргинализирање на нивната уметничка и естетска вредност. Напротив, колекцијата венчаници е врвна и маркантна, но истовремено и мултифункционална, па не би било изненадување ако некоја од венчаниците се најде и на црвениот килим.

Кога ги разгледувате фотографиите со венчаници, добивате чувство на леснотија и восхит – дизајнот на креациите е базиран на транспарентни и отмени материјали, кроевите се асиметрични и претежно смирени, а акцентот е на предимензионираните панделки позиционирани најчесто во задниот дел.

Објавено:
18 април 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.192 пати