Мери Катранцу го дизајнираше првиот венчален фустан

25 април 2014

Грчката дизајнерка со лондонска адреса за прв пат дизајнираше венчален фустан и тоа за нејзината нова пријателка Каролин Гонзалес Бунстер.

На оние што се запознаени со креациите на дизајнерката, можеби им е тешко да замислат венчален фустан креиран токму од неа.

Кралицата на дигиталните принтови е позната по нејзините колоритни креации, интересните и впечатливи додатоци, па според многумина, ова беше вистински предизвик за Кантранцу.

Од приложеното, може да се заклучи дека дизајнерката на предизвикот одговорила сосема одлично, со оглед на тоа што создаде една магична и шармантна венчаница која што секоја девојка би посакала да ја носи.

Во изјава поврзана токму со нејзиниот прв венчален фустан, Катранцу појаснува дека за долниот дел од венчаницата биле употребени околу 120 метри висококвалитетен шифон и соодветна кринолина што ќе го држи истиот.

„Не сакавме да направиме класичен фустан без прерамки, туку сакавме фустанот да изгледа модерен и оригинален“, вели дизајнерката.

„Она што и самата невеста го сакаше е тоа фустанот да биде направен од многу материјал и истиот на крајот да изгледа тотално шармантно и лелеаво, па фокусот го ставив на здолништето и на крајот сето тоа изгледаше многу лесно и прекрасно“, вели Мери.

Како вам ви се допаѓа првиот венчален фустан дизајниран од одличната Мери Катранцу?

Објавено:
25 април 2014
Категорија: 
Бела соба