Моделот Лара Стоун се омажи во винтиџ венчаница

19 јули 2021

Познатиот модел Лара Стоун викендов се омажи за партнерот Дејвид Гривсон. Холанѓанката се одлучи за романтична винтиџ венчаница во V-израз, истакнат струк и 3/4  ракави, целата направена од ситна тантела.

Креацијата е на брендот „Tephi“, кој дури има именувано и модел комбинезони по неа.

Стоун ги сподели свадбените црно-бели фотографии на својот Инстаграм профил.

Инаку, таа и нејзиниот избраник се запознале преку апликацијата „Тиндер“, а пред него, Лара беше во брак со познатиот автор  за деца, комичар и судија во шоуто “Британија има талент“ Дејвид Вилијамс, со кого го има и синот Алфред.

Овој пат, Стоун се одлучи за интимна церемонија, далеку од очите на јавноста, а еве погледнете и дел од објавените фотографии:

 

Објавено:
19 јули 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
461 пати