Модерни невестински фустани за девојките кои преферираат минимализам

21 јануари 2021

Големи, волуменозни фустани со слоеви остануваат во минатото. Од една страна поради пандемијата, која ги стави на пауза огромните раскошни свадби од соништата, од друга страна поради фактот дека времињата се менуваат. Меган Маркл, па и Кејт Миделтон, докажаа дека за да бидете принцеза, не мора да изгледате како пуслица. 

Модерни кроеви, минималистички модели, свилени материјали - иднината на невестинските фустани лежи во едноставноста, особено ако нема церемонии, многу гости, помпезност.

 
Објавено:
21 јануари 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.162 пати