Многу од жените кои се подготвуваат за свадба посакуваат несекојдневен изглед што ќе се памети, па најчесто тоа го постигнуваат преку изборот на венчален фустан.
Во таа насока е и приказната за Кармен Гарсија, модна дизајнерка и модна блогерка.
Таа неодамна се омажи за своето долгогодишно момче Алфонсо Паскал, а нејзиниот невестински изглед е мошне впечатлив.
Се работи за фустан од везена тантела, но она што дефинитивно е највпечатливо е шиширот со широк обод, кој изгледа како да е создаден од истата тантела од која е изработена и креацијата, а на кој е закачен вел од тул. Некои велат дека ова е одличен спој на софистициран, шик и ретро изглед, додека пак други сметаат дека е премногу и дека да бил само шеширот ќе било многу подобро..
Зад креацијата се потпишува дизајнерката Хелена Мареке, а изгледот е надополнет со бели сандали со висока потпетица и панделки..
На социјалните мрежи сподели дел од својот свадбен албум, погледнете како изгледаше и кажете ни ги вашите впечатоци: