Мојата глава долго време го малтретираше моето тело

4 ноември 2020

На Инстаграм секојдневно се објавуваат илјадници фотографии. На повеќето од нив ќе видите како се подредени на нови нереални стандарди за убавина, тема на која често сме пишувале и за која се' почесто се зборува.

И можеби токму поради тоа ја сметате за досадна, но факт е дека додека во преден план не дојдат индивидуалноста, самодовербата и љубовта кон она што сме, очигледно нема да биде доволно да се повторува.

Од друга страна, не може да се рече и дека нема подобрување. Макар и едно девојче да не посака веќе да ги крие своите пегички или бемки, или да ги исцртува своите усни до нос, ќе биде успех.

Гледаме „совршени“ фотографии, но ретко фотографии од кои може да се прочита гордост, фотографии од тела со недостатоци, природни состојби и реалност.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Finding.Balance (@thisisfindingbalance) onJul 2, 2020 at 10:00am PDT

Инспирирани од ова, девојката Аугуста, која стои зад профилот @thisisfindingbalance започна иницијатива наречена „Љубовно писмо до моето тело“ (Love letter to my body).

За неполни два месеца, таа на социјалната мрежа објави преку 30 писма, поткрепени со фотографии од дамите кои ги пишуваат, додека пак преку ознаката #lovelettertomybody можете да најдете и преку 200 други.

Пишувањето писмо на своето тело е еден од начините да го прифатиме такво какво што е смета Аугуста.

Ние пак, во продолжение одбравме неколку писма што можеби ќе ве инспирираат да си направите муабет со вашето тело и да размислите за перцепцијата која ја имате кон самите себе:

 Писмо од Мили Мекинтош

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Finding.Balance (@thisisfindingbalance) onOct 24, 2020 at 1:12am PDT

„Низ годините јас си бев свој најголем критичар, имав сакам-мразам однос со своето тело. Се надевам дека со пишувањето на ова писмо ќе се потсетам себе си колку среќа имам што го имам ова тело во кое живеам и дека ќе го третирам со повеќе почит и нежност. Прочитајте го:

Пишувањето на ова писмо направи да сфатам колку дозволив мојата глава да го малтретира моето тело. Нашите тела навиваат за нас постојано, постојано работат за да не' одржат живи, силни и цврсти. Дури и ако мозокот одлучи да не го сака тоа што го гледа во огледалото, телото ќе продолжи да не' сака. Откако телото ме направи мајка, навистина одлучив да прифатам целосно дека човековата анатомија е совршено несовршена и дека тоа е во ред. Се трудиме да се вклопиме во невозможен стандард на совршенство, што е погрешно и мора да се смени. Оваа вежба ме воздигна на начини на кои не знаев дека е можно, би сакала сите да се обидете“.

 

Писмо од Чарли Кук

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Finding.Balance (@thisisfindingbalance) onNov 1, 2020 at 4:32am PST

„Од каде да започнам? Не се сеќавам во кој момент точно почнав да те презирам или кога те ставив под таков надзор, но претпоставувам дека беше кога имав околу 17 години, кога сватив дека некои девојчиња имаат рамен стомак и да вежбаат, а јас не правев ништо од тоа. Мразев физичко. 

Не бев по спортовите на отворено, како што сум сега и дозволив проклетите медиуми и долгите години лош однос кон телото да ми ја обликуваат сликата за самата себе.

Не е тоа лесна работа да ја победите. Се трудам, секогаш се трудев. Да се гледате себе низ призма на тоа што сте способни да го правите. Тоа ми даде две неверојатни деца, ти растеше, се „развлекуваше“ и движеше, па јас ја имав честа да создадам живот во тебе и подоцна, продолжив да ги рушам моите граници, трчајќи ултра маратони од ЗАБАВА, нешто што никогаш не сум го замислувала дека ќе се случи.

Прости за начинот на кој зборувам со тебе. Почитта која ти ја давав не беше доволна за способноста со која ме носиш кон таква издржливост. Прости што постојано те споредувам, омаловажувам и те опсипувам со погрдни зборови. Не сакам да бидам таков пример за моите деца и треба да запомнам дека начинот на кој би охрабрила пријател кој би зборувал така за себе е начинот на кој јас треба да се однесувам со тебе.

Извини. Се трудам. Кој знае дали ќе успеам стопроцентно да стасам до саканото место, но работам на тоа“

 

Писмо од Сем (48)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Finding.Balance (@thisisfindingbalance) onOct 26, 2020 at 4:12am PDT

„Какво патување беше ова досега. Те посрамотив, те скршив, те сменив, те малтретирав, те запоставив, оставив лузни. Направив да патиш и да се излечиш преку мојата суета дури и кога беше совршено здраво.Те критикував за твојата единственост, уникатност и го гледав тоа само како куп недостатоци.

Твојот одговор на сето ова беше молк. Навистина сум понижена од тоа како продолжи без оглед на се'. Твојата великодушност ја покажа така што ми дозволи да создадам уште три неверојатни тела и души , а притоа да останам здрава. Ми дозволи да го изразам својот внатрешен копнеж преку многу физички активности, а остана силно кога мојот ум стана изморен.

Еве го моментот кога стискам пауза и земам длабок здив и велам; „Те сакам и извини што ми требаше речиси 49 години да ти го кажам тоа“. Сега ги гледам твоите белези, твоите линии и сфаќам колку прекрасен живот сме имале заедно и се надевам дека ќе имаме уште многу авантури кои ќе умееме да ги цениме.

На крајот, среќна сум што ќе бидеме заедно „додека смртта не не' раздели“ и горда што ќе бидам врзана за тебе во текот на целото наше заедничко време на оваа наша прекрасна планета“.

Објавено:
4 ноември 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
974 пати
Тагови: 
тело писмо