Фустаните изработени од тантела секогаш се романтични, женствени и сензуални, можеме да ги носиме преку ден, навечер па дури и за венчавка, се зависи од начинот на кој ќе ги комбинирате. Ако наскоро се ближи вашиот најубав ден, а сте од оние невести што сакаат да го избегнат традиционалниот момент на носење елегантни или волуменозни макси венчаници со многу тул, ние ви предлагаме да се инспирирате токму од овие фустанчиња од тантела во бела и шампањ нијанса.
Доколку се одлучите да носите на венчавката некој сличен модел, едно е сигурно, тој нема да стои на закачалка по церемонијата, туку ќе има практична намена и понатаму. Можат да се комбинираат на различни начини и секој пат да придонесат за поинаков ефект. Играјте си со аксесоарите и сигурно ќе биде уникатна невеста поразлична од сите останати.