Музичката свадбена рапсодија на ноти во италијански стил

23 јуни 2014

Познатиот италијански пејач Ерос Рамацоти, заедно со својата избраничка манекенката и пејачка Марица Пелегринели, го кажаа судбоносното „Да“ на шести овој месец во салата за свадби Palazzo Reale во Милано. Желбата на сопружниците беше нивната венчавка да биде тајна и далеку од очите на јавноста, затоа на интимната свеченост беше присутен само таткото на невестата.

Италијанскиот шармер во една прилика за медиумите изјави дека формалната венчавка е само почеток за она што следи, а официјалната свадбена забава  се одржа на 21-ви јуни. Се чини дека Рамацоти  е човек од збор бидејќи во саботата во гратчето Гавија на приватен имот се одржа свадбата во присуство на најблиските пријатели на среќниот пар.

Присутни беа  околу 200 гости меѓу кои и ќерката на познатиот пар три годишната Рафаела Марија и осумнаесет годишната Аурора Софи, која е ќерка на Ерос од претходниот брак, позната пејачка Лаура Паузини која не ја пропушти можноста да запее на свадбата за да им посака среќен брак на младоженците, фудбалерот Александро дел Пиеро со поубавата половина, но и многу друг личности од шоу бизнисот, соработници и пријатели.

За оваа неверојатно волшебна и романтична свадбена церемонија, невестата и младоженецот решија да носат модели потпишани од модниот виртуоз Валентино. Ерос одбра модел на син костум во комбинација со бела кошула и сина вратоврска, а Марица блесна во венчаница украсена со музички ноти која во малу поинаква варијанта ја видовме на црвен килм кога сличен модел на Греми носеше Кети Пери. На гостите познатиот пар реши да ми подарува алки во црна, сребрена и бела боја  кои како украс ги имаа иницијалите од нивните имиња споени во срце, накитени со светкави камчиња. Прекрасна идеја за еден од најважните мигови во нивниот заеднички живот. Погледнете ја бајковитата свадба на познатиот пар низ фотографии.

 

Објавено:
23 јуни 2014
Категорија: 
Бела соба