Најдобрите моменти од онлајн изданието на „Евровизија“

18 мај 2020

Пандемијата на Ковид -19 го предизвика и откажувањето на „Евровизија“, кое годинава требаше да се одржи во Ротердам, Холандија, но овој град ќе биде домаќин на следното издание, во 2021 година.

За претставник на Македонија беше одбран Васил Гарванлиев, со песната „YOU“. (од 6 минута)/

Организаторите сепак одлучија да се прилагодат на новонастанатата ситуација и организираа онлајн шоу насловено како „Love shine a light“, кое беше исполнето со изненадувања и повеќечасовно ужиување во музичка ретроспектива.

Песните кои требаше да настапат на годинашното издание беа презентирани преку видео-спотови, а имаше и видео-вклучувања од домовите на претставниците. 

А ние ви презентираме дел од најинтересните моменти:

#1

 Џони Логан, кој два пати успеа да победи на овој музички натпревар, ја отпеа песната „What's Another Year“, а го придружуваше хор од евровизиски фанови. За оние што го паметат кога победи 1980-та односно 1987 година кога имаше 26 односно 33 години, сигурно ќе биде емотивно да го видат некогашното момче како 65-годишен уметник :). 

 

#2

Песната на групата ABBA, „Waterloo“ е прогласена за Најдобра евровизиска песна на сите времиња“. Изборот го организираше „Би-би-си“, а за потсетување, познатата група победи на музичкиот натпревар во 1974 година, што се одржа во англискиот град Брајтон. Песната успеа да се искачи на првото место на британската топ листа и ѝ ги отвори вратите на групата ширум светот. На вчерашното онлајн шоу, меѓу другите се појави и Бјорн Улвеус, еден од членовите на групата.

„Мојот внук Алберт, кој има седум години, еден ден дојде од училиште и ми кажа: „Дедо, моите пријатели на училиште велат дека си бил поп-ѕвезда. Дали е тоа вистина?“. „Ме виде на телевизија, се сеќаваш“, му одговорив и му ја покажав снимката, каде имам светкава облека и гитара во форма на ѕвезда. Не можеше да поверува, а да бидам искрен, кога го гледам тој настап од 1974 година одржан во Брајнот, не можам да поверувам ни јас“, е дел од приказната која ја сподели музичарот, шегувајќи се дека направиле добар избор со насловот на шоу-то, подобар отколку да бил „Ватерлу“.

 

#3

А насловот на шоуто е всушност насловот на песната која победи во 1997 година, а во изведба на Катрина и „Вејвс“, претставници на Обединетото кралство. Оваа година, песната доби и нова верзија, а ја пеат сите 42 учесници кои годинава требаше да настапат во Ротердам и секако Катрина, која се појавува со своето куче. Звучат прекрасно, зар не?

 

 

#4 Во онлајн шоуто можеа да се видат и неколку интересни факти, правејќи ретроспектива низ годините. Така, најдолгата песна во историјата ја имала Италија, 5 минути и 17 секунди, а од поновата историја сите песни мора да бидат во рамки од три минути. Најдолг наслов на песна имала Германија, и тоа со 34 букви. Останатите погледнете ги во видеото (1:35:50; 2:12:08; ) :

 

#5 Џони Логан не беше единствениот што се вклучи како поранешен победник. Тука беа и претставничката на Израел од 1979 година, Гали Атари, која победи со песната „Халелуја“, а освен неа, уште четири победници беа замолени да го направат истото - претставникот на Шведска - Манс Зерменлоу, кој ја испеа акустичната верзија на победничката „Heroes“, потоа Марија Шерифовиќ која прати разгледница од Белград и ја испеа „Молитва“, а се појавија и минатогодишниот претставник на Холандија, Данкан Лоренс и контроверзната Нета од Израел.

Целото издание можете да го погледнете во видеото во продолжение:

 

 

 

Објавено:
18 мај 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
990 пати