Најпознатото хрватско модно дуо eNVy room веќе неколку години прави навистина магични венчаници на кои секогаш е тешко да се одолее. 

Секоја од нивните венчаници е посебна на свој начин, а она по што брендот е посебен е големиот избор на фустани за сечиј вкус. 

Во моментов во нивната понуда се наоѓаат околу 60 модели на прекрасни венчаници, а Никица Иванчевиќ и Вјеко Франетовиќ кои стојат зад брендот, за Fashion.hr откриваат зошто девојките толку многу ги сакаат нивните венчаници, но и даваат по некој совет пред свадбената сезона. 

„Нема некоја тајна во нашиот успех. Во вистински момент препознавме што недостасува на пазарот, а тоа беше секако колекција венчаници што се лесни и удобни за носење и во кои невестата ќе може да ја помине цела вечер. Кога ја осмислувавме нашата прва колекција венчаници на пазарот постоеја само фустани кои се тешки, крути и неудобни. Ние направивме колекција носливи венчаници со прекрасен изглед кои навистина им се допаднаа на нашите девојки“, велат дизајнерите. 

Во однос на тоа што сакаат невестите за следнава сезона, тие ќе кажат дека тие секогаш сакаат да се убави и да изгледаат достоинствено на нивниот голем ден. 

„Во последно време добиваме многу барања за мултифункционални венчаници или како што би се рекло „два во еден“ модели. Голем број невести не можат да се одлучат дали сакаат лелеава или сирена крој венчаница, дали сакаат куса или долга... Ние им понудивме едно многу добро решение, дводелна комбинација од тул здолниште или здолниште од тантела во комбинација со шик маичка или шармантен корсет или нежна блузичка“, велат Никица и Вјеко кои направија вистински бум со нивните достапни венчаници.

Објавено:
24 февруари 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.459 пати
Извор: 
Fashion.hr